8 Земјата му е преполна со идоли, и тие се поклонуваат пред делото на своите раце, пред она што го направија нивните прсти.
9 Смртникот ќе се наведне, човекот ќе се снизи; не проштавај им.
10 Влези меѓу пештерите, скриј се во правот, пред Господовиот ужас, пред славата на Неговото Величество кога ќе стане да ја растресе земјата.
11 Гордиот поглед ќе биде скршен, и човечкото високоумие ќе биде понижено. Господ ќе се возвиши, Единствено Тој - во оној ден.
12 Да, тоа ќе биде ден на Господа над Војските, против сите горделиви и издигнати, против сите што се возвишуваат, за да ги собори;
13 против сите либански кедри и против сите васански дабови;
14 против сите вишнати гори и против сите издигнати брегови;