Исаија 20:1-6 MKB

1 Во годината кога врвниот војсководач, кого го беше испратил Саргон, асирски цар, дојде во Азот, го нападна и го зазеде,

2 во тоа време Господ му рече на Исаија, Амосовиот син, велејќи: „Ајде, симни го вреќиштето од половината и собуј ги обувките од нозете.” Тој направи така и одеше гол и бос.

3 Тогаш Господ рече: „Како што Мојот слуга Исаија одеше гол и бос три години, како знак и чудо за Египет и Етиопија,

4 така асирскиот цар ќе одведе затвореници од Египет и заточеници од Етиопија: млади и стари, голи и боси, со откриени бедра, за срам на Египет.

5 Тогаш ќе се збунат и ќе се засрамат заради Етиопија, својата надеж, и заради Египет, својата горделивост.

6 И жителите на ова приморје ќе речат во оној ден: ‘Ете, тоа е нашата надеж, кон која прибегнуваме за да ни помогне и за да нè спаси од асирскиот цар. А како да се спасиме ние?’”