1 Пророштво за Долината на Видението. Што ти е да се искачуваш цел на покривите,
2 граде полн со врева, бучен граде, разигран граде? Твоите истепани не паднаа од меч, ниту твоите мртви паднаа во бој;
3 сите твои главатари побегнаа заедно, паднаа во ропство не оптегнувајќи лак. Заробени се сите твои кнезови, напразно избегаа далеку.
4 Затоа велам: „Оставете ме, ќе заплачам горко; не ме утешувајте заради уништувањето на Ќерката на Мојот народ.”
5 Зашто ова е ден на метеж и на угнетување од Господа, од Господа над Војските. Во Долината на Видението се руши ѕид, извик за помош се крева во планините.