21 Ќе му ја облечам твојата облека, ќе го препашам со твојот појас, ќе му ја предадам твојата власт во рацете, па ќе им биде татко на ерусалимските жители и на Јудината куќа.
22 Ќе му го ставам на плеќи клучот на Давидовиот Дом: Кога ќе отвори, никој не ќе затвори, кога ќе затвори, никој не ќе отвори.
23 Ќе го забијам како клин во цврсто место; и ќе стане престол на слава на татковиот си дом.
24 На него ќе биде закачувана сета слава на неговиот татковски дом, подниците и потомството, сите мали садови, од чаши до грнци.
25 Во оној ден - слово е на Господа над Војските - ќе го истргам клинот закачен во цврсто место, ќе се скрши и ќе падне. И сиот товар што висеше на него ќе се скрши, зашто Господ зборуваше.’”