4 Затоа велам: „Оставете ме, ќе заплачам горко; не ме утешувајте заради уништувањето на Ќерката на Мојот народ.”
5 Зашто ова е ден на метеж и на угнетување од Господа, од Господа над Војските. Во Долината на Видението се руши ѕид, извик за помош се крева во планините.
6 Елам го зема тулот, Арам јава коњ, а Кир го открива штитот.
7 Твоите красни долини полни се со бојни коли, коњаниците се наредија пред вратата.
8 Така паѓа Јудината заштита. Во оној ден го сврте погледот на оружјето во Горската Куќа.
9 Видовте дека во Давидовиот Град има многу пукнатини. Ги собравте водите од Долниот Рибник.
10 Ги преброивте ерусалимските куќи, ги разурнавте куќите за да го зацврстите ѕидот.