5 Зашто ова е ден на метеж и на угнетување од Господа, од Господа над Војските. Во Долината на Видението се руши ѕид, извик за помош се крева во планините.
6 Елам го зема тулот, Арам јава коњ, а Кир го открива штитот.
7 Твоите красни долини полни се со бојни коли, коњаниците се наредија пред вратата.
8 Така паѓа Јудината заштита. Во оној ден го сврте погледот на оружјето во Горската Куќа.
9 Видовте дека во Давидовиот Град има многу пукнатини. Ги собравте водите од Долниот Рибник.
10 Ги преброивте ерусалимските куќи, ги разурнавте куќите за да го зацврстите ѕидот.
11 Меѓу двата ѕида направивте собиралиште за водата од Стариот Рибник. Но не погледнавте кон Творецот, ниту го видовте Оној Кој одамна смислил сè.