7 Твоите красни долини полни се со бојни коли, коњаниците се наредија пред вратата.
8 Така паѓа Јудината заштита. Во оној ден го сврте погледот на оружјето во Горската Куќа.
9 Видовте дека во Давидовиот Град има многу пукнатини. Ги собравте водите од Долниот Рибник.
10 Ги преброивте ерусалимските куќи, ги разурнавте куќите за да го зацврстите ѕидот.
11 Меѓу двата ѕида направивте собиралиште за водата од Стариот Рибник. Но не погледнавте кон Творецот, ниту го видовте Оној Кој одамна смислил сè.
12 Господ, Господ над Воинствата, ве повикуваше во оној ден да плачете и да жалите, да ги избричите главите и да ги препашете вреќиштата.
13 А ете: радост и веселба, ги убиваат говедата и ги колат овците; јадат месо и пијат вино: „Да јадеме и пиеме, зашто утре ќе умреме.”