9 Видовте дека во Давидовиот Град има многу пукнатини. Ги собравте водите од Долниот Рибник.
10 Ги преброивте ерусалимските куќи, ги разурнавте куќите за да го зацврстите ѕидот.
11 Меѓу двата ѕида направивте собиралиште за водата од Стариот Рибник. Но не погледнавте кон Творецот, ниту го видовте Оној Кој одамна смислил сè.
12 Господ, Господ над Воинствата, ве повикуваше во оној ден да плачете и да жалите, да ги избричите главите и да ги препашете вреќиштата.
13 А ете: радост и веселба, ги убиваат говедата и ги колат овците; јадат месо и пијат вино: „Да јадеме и пиеме, зашто утре ќе умреме.”
14 Но Господ над Силите ми јави: „Додека не умрете, тој грев нема да ви биде простен,” рече Господ, Господ над Восјките.
15 Вака зборува Господ, Господ над Воинствата: „Тргни, оди кај оној дворјанец, кај Шевна, домоуправник на дворецот,