11 Господи, Твојата рака е подигната а тие не ја гледаат. Нека ја видат и нека се засрамат, нека ги проголта ревноста на народот, нека ги проголта огнот подготвен за Твоите непријатели.
12 Господи, Ти ни даваш мир, зашто Ти си Творец на сите наши дела.
13 Господи, Боже наш, господареа над нас освен Тебе, други господари, но единствено Тебе, Твоето Име, ние ќе споменуваме.
14 Мртвите нема да оживеат, сенките нема да воскреснат, зашто Ти ги казни и ги уништи и го сотре секој спомен за нив!
15 Го умножи народот, Господи, го умножи народот, Се прослави, ги прошири сите граници на земјата!
16 Господи, Те бараа во неволја; излеваа тивка молитва, кога ги стигна Твојата казна.
17 Како што трудната жена пред породувањето се грчи и вика во болки, такви сме, Господи, пред Тебе.