14 Мртвите нема да оживеат, сенките нема да воскреснат, зашто Ти ги казни и ги уништи и го сотре секој спомен за нив!
15 Го умножи народот, Господи, го умножи народот, Се прослави, ги прошири сите граници на земјата!
16 Господи, Те бараа во неволја; излеваа тивка молитва, кога ги стигна Твојата казна.
17 Како што трудната жена пред породувањето се грчи и вика во болки, такви сме, Господи, пред Тебе.
18 Забременивме, во маки сме како да раѓаме ветер, не и донесовме дух на спасение на земјата, ниту паднаа жителите на светот.
19 Твоите мртви ќе оживеат, телата ќе воскреснат. Разбудете се и воскликнувајте, жители на правот! Зашто Твојата роса е - роса на светлината, и земјата ќе ги исфрли мртвите.
20 Ајде, народе Мој, влези во собите и затвори ги вратите зад себе. Скриј се за миг додека не помине гневот.