Исаија 26:7-13 MKB

7 Патот на праведникот е прав, Ти ја рамниш патеката на праведниот.

8 Да, на патеката на Твоите судови, Господи, Те чекаме желно; душата ни копнее по Твоето Име и по Твојот спомен.

9 Со својата душа копнеам по Тебе ноќе, и со својот дух Те барам во себе, во зори. Зашто кога Твоите судови се појавуваат на земјата, жителите на земниот круг се учат на правда.

10 Ако биде помилуван безбожникот тој не се учи на праведност. Во земјата на правдата тој прави беззаконие и не се обѕира на Господовото величие.

11 Господи, Твојата рака е подигната а тие не ја гледаат. Нека ја видат и нека се засрамат, нека ги проголта ревноста на народот, нека ги проголта огнот подготвен за Твоите непријатели.

12 Господи, Ти ни даваш мир, зашто Ти си Творец на сите наши дела.

13 Господи, Боже наш, господареа над нас освен Тебе, други господари, но единствено Тебе, Твоето Име, ние ќе споменуваме.