2 Во оној ден, пејте му, на винородното лозје:
3 „Јас, Господ, го чувам него, го залевам во секој миг; и за да не го оштети некој, стражам дење и ноќе.
4 Нема гнев во Мене! Само нека се појават трништата и трњето, ќе станам во бој против него, ќе го изгорам сето!
5 Или нека дојде под Моја закрила, нека склучи мир со Мене, и ќе направи мир со Мене!”
6 Доаѓаат денови кога Јаков ќе се вкорени, ќе се разгранчи и ќе процвета Израел, и ќе го наполни со плодови целиот свет.
7 Дали го удри како што ги удри оние кои го удираат него? Дали го уби како што ги уби оние кои го убија него?
8 Го протера за казна, го зароби, го однесе со Својот силен здив во денот на источниот ветер.