Исаија 27:9-13 MKB

9 Така ќе биде очистено Јакововото беззаконие; а ова е сè плод за проштавање на неговиот грев. Нека бидат здробени сите камени жртвеници како што се дробат во прав камењата од вар. Нека не се издигаат веќе ашерите и сончевите столбови!

10 Зашто запусте утврдениот град, населбата е ограбена, напуштена е како пустина. Телињата пасат таму - лежат таму, ги брстат грмушките.

11 Кога ќе му се исушат гранките, ги кршат, доаѓаат жени и палат оган. Зашто тоа е народ неразумен, затоа Создавачот нема да го жали, Творецот нема да му се смилува.

12 Во тој ден, Господ ќе врши класје од Еуфрат до Египетскиот Поток, и ќе бидете собрани еден по еден, Израелеви деца.

13 Во оној ден, ќе затруби голема труба, и ќе дојдат изгубените во Асирската Земја, и кои беа заробени во Египетската Земја, и ќе Му се поклонат на Господа, на Светата Гора, во Ерусалим.