1 Тешко му на горделивиот венец на Ефремовите пијаници, на блескавиот накит на овенат цвет -на оние кои врз плодниот дол лежат испијанети со вино!
2 Еве, од Господа доаѓа еден силен и моќен, како пороен дожд со град, како разурнувачки виор, како истурување на облаците и поплава, и ги фрла со сета сила на земја.
3 Ќе биде изгазен со нозете горделивиот венец на Ефремовите пијаници,
4 и овенатиот цвет на неговиот блескав накит над плодните долини; ќе биде како смоква - ранка пред летото: штом некој ја забележува, веднаш ја бере.
5 Во оној ден, Господ над Воинствата ќе му стане круна на славата и сјаен венец на Остатокот на Својот народ -