Исаија 28:2-8 MKB

2 Еве, од Господа доаѓа еден силен и моќен, како пороен дожд со град, како разурнувачки виор, како истурување на облаците и поплава, и ги фрла со сета сила на земја.

3 Ќе биде изгазен со нозете горделивиот венец на Ефремовите пијаници,

4 и овенатиот цвет на неговиот блескав накит над плодните долини; ќе биде како смоква - ранка пред летото: штом некој ја забележува, веднаш ја бере.

5 Во оној ден, Господ над Воинствата ќе му стане круна на славата и сјаен венец на Остатокот на Својот народ -

6 Дух на правдата за оној кој седи на судска столица, и храброст за оној кој го одбива нападот на вратата.

7 Тие се занесуваат од вино се заблудуваат од жесток пијалак: свештениците и пророците се сопнуваат од жестокиот пијалак; победени од виното; обезумени од сикер; грешат во виденијата, се сопнуваат во судењето.

8 Сите трпези се полни со гнасни болваници, никаде нема чисто место!