23 Послушајте го и чујте го мојот глас, прислушнете ја внимателно мојата беседа.
24 Ора ли орачот секој ден, дали отвара бразди, дали влече брана во својата нива?
25 А кога ќе и ја израмни поврвнината, не сее ли грав, не турува ли ким? Пченица каде што треба, просо и јачмен, и најпосле ‘рж по рабовите?
26 Неговиот Господ го упатува, Тој го учи на вистинско дело.
27 Зашто гравот не се врши со брана, не со тркало врз кимот, туку гравот се врши со стап, а кимот се чука со прачка.
28 А дали се дроби житото? Не, не ќе го чукаш довека: врз него ќе спотераш колско тркало и коњи, но не ќе го здробиш.
29 И тоа доаѓа од Господа над Војските, со советот на Прекрасниот со мудроста на Великиот.