3 Ќе биде изгазен со нозете горделивиот венец на Ефремовите пијаници,
4 и овенатиот цвет на неговиот блескав накит над плодните долини; ќе биде како смоква - ранка пред летото: штом некој ја забележува, веднаш ја бере.
5 Во оној ден, Господ над Воинствата ќе му стане круна на славата и сјаен венец на Остатокот на Својот народ -
6 Дух на правдата за оној кој седи на судска столица, и храброст за оној кој го одбива нападот на вратата.
7 Тие се занесуваат од вино се заблудуваат од жесток пијалак: свештениците и пророците се сопнуваат од жестокиот пијалак; победени од виното; обезумени од сикер; грешат во виденијата, се сопнуваат во судењето.
8 Сите трпези се полни со гнасни болваници, никаде нема чисто место!
9 „Кого учи тој на мудрост, кого упатува тој во учење? Зар децата одвикнати од млеко, одбиени од градите?