4 и овенатиот цвет на неговиот блескав накит над плодните долини; ќе биде како смоква - ранка пред летото: штом некој ја забележува, веднаш ја бере.
5 Во оној ден, Господ над Воинствата ќе му стане круна на славата и сјаен венец на Остатокот на Својот народ -
6 Дух на правдата за оној кој седи на судска столица, и храброст за оној кој го одбива нападот на вратата.
7 Тие се занесуваат од вино се заблудуваат од жесток пијалак: свештениците и пророците се сопнуваат од жестокиот пијалак; победени од виното; обезумени од сикер; грешат во виденијата, се сопнуваат во судењето.
8 Сите трпези се полни со гнасни болваници, никаде нема чисто место!
9 „Кого учи тој на мудрост, кого упатува тој во учење? Зар децата одвикнати од млеко, одбиени од градите?
10 Заповед на заповед, заповед на заповед, правило на правило, правило на правило малку тука, малку таму.”