1 Еве со правда царот царува, кнезовите владеат со правина;
2 секој е како заветрина, прибежиште од невреме, како потоци во сува земја, како сенка во жедна пустина.
3 Очите на видовитите не ќе бидат веќе слепи, ушите на оние кои слушаат ќе слушаат внимателно;
4 срцето на неразумните ќе ја сфаќа мудроста, тепкавите ќе зборуваат брзо и јасно;