14 Зашто, дворецот ќе биде напуштен, ќе запустее бучниот град; тврдината и стражарницата ќе станат пештера довека - ќе им бидат радост на дивите ослици, пасиште на стадата,
15 додека не се излее врз вас Духот од висините. Тогаш пустината ќе стане овошник, а овошната градина ќе се претвори во гора.
16 Правото ќе се настани во пустината, а правдата ќе престојува во плодоносното поле.
17 Делото на правдата ќе биде мирот, а плодот на праведноста, покој и надеж засекогаш.
18 Мојот народ ќе живее во мирни населби, во безгрижни одморалишта.
19 И снежен град ќе падне на шумите, градот ќе биде снижен во долините.
20 Блазе ви вам: кои сеете покрај сите води, пуштајќи ги волот и ослето да одат слободно.