5 расипаните веќе не ќе ги викаат благородни;
6 зашто, расипаникот зборува лудости, и неговото срце смислува беззаконие за да направи злодела, за да зборува горделиво за Господа, за да му го остави празен желудникот на гладниот, за да му го скрати пиењето на жедниот.
7 Кај измамникот оружјето е пакосно, тој смислува само сплетки, за да го упропасти бедниот со лаги, па и кога сиромавиот докажува право.
8 На благородниот замислите се благородни и тој стои цврсто во сè што е чесно.
9 Станете, небрежни жени, слушајте го мојот глас; лесноумни ќерки, чујте ја мојата беседа.
10 За една година и неколку дена ќе треперите, лесноумници, зашто ќе нема гроздобер, не ќе се берат плодови.
11 Треперете, вие безгрижни, смутете се, лесноумни, соблечете се, разголете се, опашете вреќиште околу бедрата!