7 Кај измамникот оружјето е пакосно, тој смислува само сплетки, за да го упропасти бедниот со лаги, па и кога сиромавиот докажува право.
8 На благородниот замислите се благородни и тој стои цврсто во сè што е чесно.
9 Станете, небрежни жени, слушајте го мојот глас; лесноумни ќерки, чујте ја мојата беседа.
10 За една година и неколку дена ќе треперите, лесноумници, зашто ќе нема гроздобер, не ќе се берат плодови.
11 Треперете, вие безгрижни, смутете се, лесноумни, соблечете се, разголете се, опашете вреќиште околу бедрата!
12 Удирајте се по градите заради прекрасните полиња, заради плодните лозја;
13 заради нивите на Мојот народ, што раѓаат трња и трништа; заради сите весели куќи, на разиграниот град.