1 Тешко ти тебе кој незапустен, запустуваш, кој неограбен, ограбуваш, кога ќе прекратиш, тебе ќе те запустат кога ќе прекратиш да пљачкаш ќе те ограбат.
2 Господи, смилувај ни се, во Тебе се надеваме! Биди наша помош секое утро, наше спасение во секоја неволја.
3 Народите избегаа од силниот татнеж, Ти се дигна, племињата се распрснаа,
4 и се собира плен како што се собираат гасениците, ќе се нафрлат врз него како јато скакулци.
5 Господ е возвишен зашто престолува во висината, Тој го исполнува Сион со правосудство и со правда.
6 Надежен е твојот век: Мудроста и знаењето се спасоносно благо, а Господовиот страв негово богатство.
7 Ете, жителите на Ариел, викаат по улиците, гласници мироносци плачат горчливо.