16 тој ќе живее во висините, тврдини врз карпи ќе му бидат прибежишта, ќе има доста леб и водите не ќе му недостасуваат.
17 Твоите очи ќе го гледаат царот во неговата убавина, ќе ја разгледуваат непрегледната земја.
18 Твоето срце ќе мисли во страв: „Каде е оној што броеше, каде е оној што мереше, каде е оној што ги пребројуваше стражарниците?”
19 Не ќе видиш веќе свиреп народ, народ со неразбирлив и со несфатлив говор, туѓ јазик што никој не го разбира.
20 Погледај на Сион, на градот на нашите празници: твоите очи ќе го видат Ерусалим, заштитено престојувалиште, шатор што не се пренесува, чии колчиња никогаш не се вадат, и ниту едно јаже не му се кине.
21 Таму ни е силниот Господ; место на широки реки и потоци; не ќе помине оттаму ниеден брод ни весла, ниту некој воен брод ќе проедри.
22 Зашто Господ е наш Судија, Господ е наш Законодавец, Господ е наш Цар - Тој ќе нè спаси.