3 Народите избегаа од силниот татнеж, Ти се дигна, племињата се распрснаа,
4 и се собира плен како што се собираат гасениците, ќе се нафрлат врз него како јато скакулци.
5 Господ е возвишен зашто престолува во висината, Тој го исполнува Сион со правосудство и со правда.
6 Надежен е твојот век: Мудроста и знаењето се спасоносно благо, а Господовиот страв негово богатство.
7 Ете, жителите на Ариел, викаат по улиците, гласници мироносци плачат горчливо.
8 Патеките запустеа, ги снема патниците од патиштата; сојузите се раскинуваат, ги презираат сведоците, нема обѕир кон никого.
9 Земјата гине во жалост, Ливан венее во срам. Сарон е како пустина, Васон и Кармел оголеа.