8 Патеките запустеа, ги снема патниците од патиштата; сојузите се раскинуваат, ги презираат сведоците, нема обѕир кон никого.
9 Земјата гине во жалост, Ливан венее во срам. Сарон е како пустина, Васон и Кармел оголеа.
10 „Сега ќе станам - вели Господ - сега ќе се кренам, сега ќе се возвишам.
11 Зачнавте сено, ќе родите слама здивот ваш е како оган, ќе ве голтне.
12 Народите ќе бидат изгорени во вар, како отсечени трња, што горат во оган.
13 Чујте, вие кои сте далеку, што направив, а вие кои сте близу познајте Ми ја силата!”
14 Грешниците треперат на Сион, трепет ги обзеде безбожниците: „Кој ќе опстане од нас пред уништувачкиот оган, кој ќе опстане од нас пред вечниот пламен?”