1 Откако го слушна тоа, царот Езекија ги скина своите облеки се облече во вреќиште и отиде во Господовиот Дом.
2 Потоа ги испрати Елијакима, управителот на дворецот, царскиот писар Сомна и свештеничките старешини, облечени во вреќишта, при пророкот Исаија, синот Амосов.
3 Тие му рекоа: „Вака вели Езекија: ‘Ова е ден на неволја, казна и хулење: децата стасаа до породување, а нема сила за да се родат.
4 Можеби Господ, твојот Бог, ги чу зборовите на големиот пехарник кого асирскиот цар, неговиот господар, го испрати да Го хули живиот Бог, и можеби Господ твојот Бог, ќе ги казни зборовите што ги чу! Подигни глас за молитва за Остатокот што уште остана!’”