13 Каде е ематскиот цар, арфадскиот цар, царот на градот Сефарвим, на Ена и Ава?’”
14 Езекија го прими писмото од раката на посланикот и го прочита. Потоа влезе во Господовиот Дом и го одвитка таму пред Господа.
15 И Езекија Му се помоли на Господа вака:
16 „Господи над Воинствата, Израелев Боже, Кој седиш меѓу херувимите, Ти си единствениот Бог над сите царства на земјата, Ти ги создаде небото и земјата.
17 Приклони го увото, Господи, и чуј! Отвори ги очите, Господи, и види! Чуј ги Сенахировите зборови, што ги испрати за да Го похули живиот Бог.
18 Вистина е, о Господи, дека асирските цареви ги сотреа сите народи и нивните земји;
19 им ги фрлија во оган боговите, зашто не беа богови тоа, туку дела на човечките раце од дрво и затоа ги уништија.