Исаија 37:17-23 MKB

17 Приклони го увото, Господи, и чуј! Отвори ги очите, Господи, и види! Чуј ги Сенахировите зборови, што ги испрати за да Го похули живиот Бог.

18 Вистина е, о Господи, дека асирските цареви ги сотреа сите народи и нивните земји;

19 им ги фрлија во оган боговите, зашто не беа богови тоа, туку дела на човечките раце од дрво и затоа ги уништија.

20 А сега, Господи, Боже наш, избави нè од неговата рака, за да сознаат сите царства на земјата дека си Ти, Господи, Единствен Бог!”

21 Тогаш Исаија, синот Амосов, му порача на Езекија: „Вака вели Господ, Израелевиот Бог: ‘Ја послушав молитвата што ми ја упати заради Сенахирим, асирскиот цар.

22 Еве ги зборовите што Господ ги изговори против него: „Те презира, ти се потсмева, девицата Сионската Ќерка; по тебе мавта со главата Ерусалимската Ќерка.

23 Кого го навредуваше, го хулеше? На кого викаше гласно, креваше горделив поглед? На Израелевиот Светец!