Исаија 37:18-24 MKB

18 Вистина е, о Господи, дека асирските цареви ги сотреа сите народи и нивните земји;

19 им ги фрлија во оган боговите, зашто не беа богови тоа, туку дела на човечките раце од дрво и затоа ги уништија.

20 А сега, Господи, Боже наш, избави нè од неговата рака, за да сознаат сите царства на земјата дека си Ти, Господи, Единствен Бог!”

21 Тогаш Исаија, синот Амосов, му порача на Езекија: „Вака вели Господ, Израелевиот Бог: ‘Ја послушав молитвата што ми ја упати заради Сенахирим, асирскиот цар.

22 Еве ги зборовите што Господ ги изговори против него: „Те презира, ти се потсмева, девицата Сионската Ќерка; по тебе мавта со главата Ерусалимската Ќерка.

23 Кого го навредуваше, го хулеше? На кого викаше гласно, креваше горделив поглед? На Израелевиот Светец!

24 Преку своите слуги Го навредуваше Господа. Велеше: ‘Со мноштво коли јас се искачив на врвот на горите, на највисоките врвови на Ливан. Јас му ги исеков највисоките кедри и најубавите чемпреси. Достигнав до неговиот највисок врв и до неговата гораста градина.