Исаија 37:27-33 MKB

27 нивните жители, немоќни, исплашени и збунети, беа како трева во полето, како младо зеленило, како трева врз покривите, спалена од источниот ветер.

28 Знам кога се креваш и кога седнуваш, кога излегуваш и кога се враќаш.

29 Зашто беснееше против Мене и бидејќи твојот бес стигна до Моите уши, ќе ти провнам прстен низ носалките, ќе ти ставам узди во устата, ќе те вратам по патот по кој што дојде!”‘

30 „А ова нека ти биде знак: Во оваа година ќе се јаде тоа што самото ќе расцвета, догодина тоа што ќе никне само, а на третата година сејте и жнејте, садете лозја, јадете им го родот.

31 Преживеаните од Јудината куќа ќе пуштат жили во длабочина, ќе родат плод во височина.

32 Зашто од Ерусалим ќе излезе Остатокот, спасените од Сионската Гора. Сето тоа ќе го направи ревноста на Господа над Војските.

33 Затоа Господ зборува вака за асирскиот цар: ‘Тој нема да влезе во овој град, ваму нема да ги фрла своите стрели, кон него нема ни штит да заврти, ниту ќе копа насипи околу него.