3 Тие му рекоа: „Вака вели Езекија: ‘Ова е ден на неволја, казна и хулење: децата стасаа до породување, а нема сила за да се родат.
4 Можеби Господ, твојот Бог, ги чу зборовите на големиот пехарник кого асирскиот цар, неговиот господар, го испрати да Го хули живиот Бог, и можеби Господ твојот Бог, ќе ги казни зборовите што ги чу! Подигни глас за молитва за Остатокот што уште остана!’”
5 Кога слугите на царот Езекија стигнаа кај Исаија
6 тој им рече: „Кажете му на својот господар: ‘Вака вели Господ: „Не бој се од зборовите што ги чу кога Ме хулеа слугите на асирскиот цар.
7 Еве, Јас вдахнав во него дух, и кога ќе чуе една вест, ќе се врати во својата земја. И ќе направам да загине од меч во својата земја.”‘“
8 Големиот пехарник се врати и го најде асирскиот цар како ја опсадува Ливна, зашто беше чул дека царот замина од Лахис.
9 Имено чул дека Тирак, етиопскиот цар, завојувал против него. Тогаш тој повторно испрати пратеници да му кажат на Езекија: