35 Ќе го штитам овој град, ќе го закрилувам, заради Себе и заради Својот слуга Давид.’”
36 Тогаш Господов ангел излезе и погуби во асирскиот логор сто осумдесет и пет илјади луѓе. Наутро, кога требаше да се стане, ете, таму беа сè само мртовци.
37 Сенахирим го крена логорот и си отиде. Се врати во Нинива.
38 Еден ден додека се поклонуваше во храмот на својот бог Нисрок, неговите синови Адрамелех и Сарасар го убија со меч и избегаа во Араратската Земја. На неговото место се зацари неговиот син Есарадон.