5 Кога слугите на царот Езекија стигнаа кај Исаија
6 тој им рече: „Кажете му на својот господар: ‘Вака вели Господ: „Не бој се од зборовите што ги чу кога Ме хулеа слугите на асирскиот цар.
7 Еве, Јас вдахнав во него дух, и кога ќе чуе една вест, ќе се врати во својата земја. И ќе направам да загине од меч во својата земја.”‘“
8 Големиот пехарник се врати и го најде асирскиот цар како ја опсадува Ливна, зашто беше чул дека царот замина од Лахис.
9 Имено чул дека Тирак, етиопскиот цар, завојувал против него. Тогаш тој повторно испрати пратеници да му кажат на Езекија:
10 „Речете му вака на јудејскиот цар Езекија: ‘Нека не те измамува Твојот Бог, во Кого се надеваш, велејќи ти: „Ерусалим нема да падне во рацете на асирскиот цар.”
11 Ти знаеш што им направија асирските цареви на сите земји откако ги предадоа на проклетство! А ти ли ќе се спасиш?