8 Големиот пехарник се врати и го најде асирскиот цар како ја опсадува Ливна, зашто беше чул дека царот замина од Лахис.
9 Имено чул дека Тирак, етиопскиот цар, завојувал против него. Тогаш тој повторно испрати пратеници да му кажат на Езекија:
10 „Речете му вака на јудејскиот цар Езекија: ‘Нека не те измамува Твојот Бог, во Кого се надеваш, велејќи ти: „Ерусалим нема да падне во рацете на асирскиот цар.”
11 Ти знаеш што им направија асирските цареви на сите земји откако ги предадоа на проклетство! А ти ли ќе се спасиш?
12 Дали боговите ги спасија народите кои ги уништија, моите татковци: Госанците, Харанците, Ресефците и Еденовците, во Теласар?
13 Каде е ематскиот цар, арфадскиот цар, царот на градот Сефарвим, на Ена и Ава?’”
14 Езекија го прими писмото од раката на посланикот и го прочита. Потоа влезе во Господовиот Дом и го одвитка таму пред Господа.