10 Говорев: „На пладне на своите денови јас треба да заминам. При вратите на Подземјето ми е одредено место за остатокот на моите денови.”
11 Зборував: „Не ќе Го видам веќе Господа во земјата на живите, не ќе видам веќе никого од жителите на овој свет.
12 Моето живеалиште е изместено, фрлено е далеку, како пастирски шатор; како ткајач го намота мојот живот за да ме скинеш од основата. Од утрото до ноќта ќе ме докрајчиш,
13 викам сè до утрото; како лав Тој ги крши моите коски, од утрото до мракот ќе ме докрајчиш.
14 Како ластовичка јас цивкам, барам помош како гулабица, моите очи гледаа кон небото, Господи, во неволја сум, спаси ме.
15 Како ќе Му зборувам и што ќе Му речам? Па Тој е кој дејствува. Ќе одам смирено во текот на сите мои години, иако со горчина во душата.
16 Господи, моето срце ќе живее за Тебе и ќе живее мојот дух. Ти ќе ме излечиш и ќе ми го вратиш животот,