17 болеста ќе ми се претвори во здравје. Ти ја спаси мојата душа од јамата на уништувањето, сите мои гревови ги фрли зад плеќи.
18 Зашто Подземјето не Те слави, смртта не Те фали; оние кои ќе паднат во ровот, не се надеваат повеќе во Твојата верност.
19 Живиот, живиот, единствено тој Те слави, како јас денес. Таткото ќе ги поучува синовите во Твојата верност.
20 Господи, спаси ме, и ние ќе пееме со харфите, во сите денови на својот живот, во Господовиот Дом.
21 Исаија наложи: „Донесете облог од смокви, преврзете го на неговиот чир, и тој ќе оздрави.”
22 Езекија праша: „По кој знак ќе препознам дека ќе влезам во Господовиот Дом?”