Исаија 38:3-9 MKB

3 „Ах Господи, спомни си дека пред Тебе одев верно и со чесно срце, и дека го направив тоа што е добро во Твоите очи.” И Езекија почна да плаче горко.

4 Тогаш Му дојде Господовото слово на Исаија:

5 „Отиди и речи му на Езекија: ‘Вака вели Господ, Бог на твојот татко Давид: „Ја послушав твојата молитва, ги видов твоите солзи. Ќе те излечам; по три дни ќе влезеш во Господовиот Дом. Ќе му додадам на твојот век петнаесет години.

6 Ќе ве избавам и тебе и овој град од рацете на асирскиот цар. Да, ќе го заштитам овој град!”‘

7 Исаија одговори: „Еве ти знак од Господа дека ќе направи како што рече:

8 сенката што слегла по степените на Ахазовиот сончаник ќе ја вратам за десет степени назад.” И сонцето се врати за десет степени назад од степените по кои веќе беше слегло.

9 Песна на Езекија, јудејски цар, кога се разболе па оздраве од својата болест: