7 Исаија одговори: „Еве ти знак од Господа дека ќе направи како што рече:
8 сенката што слегла по степените на Ахазовиот сончаник ќе ја вратам за десет степени назад.” И сонцето се врати за десет степени назад од степените по кои веќе беше слегло.
9 Песна на Езекија, јудејски цар, кога се разболе па оздраве од својата болест:
10 Говорев: „На пладне на своите денови јас треба да заминам. При вратите на Подземјето ми е одредено место за остатокот на моите денови.”
11 Зборував: „Не ќе Го видам веќе Господа во земјата на живите, не ќе видам веќе никого од жителите на овој свет.
12 Моето живеалиште е изместено, фрлено е далеку, како пастирски шатор; како ткајач го намота мојот живот за да ме скинеш од основата. Од утрото до ноќта ќе ме докрајчиш,
13 викам сè до утрото; како лав Тој ги крши моите коски, од утрото до мракот ќе ме докрајчиш.