1 Во тоа време вавилонскиот цар Меродах-Валадан, синот Валаданов, му испрати на Езекија писмо со подарок, зашто беше чул дека бил разболен и дека оздравел.
2 Езекија се израдува на тоа и им ја покажа на пратениците својата ризница, среброто, златото, пријатните мириси и мирисливите масла - својата оружница и сè што беше во складиштата. Немаше ништо во неговиот дворец и во целото негово господарство што Езекија не им го покажа.
3 Тогаш пророкот Исаија дојде при царот Езекија и го праша: „Што рекоа тие луѓе и од каде дојдоа кај тебе? „Езекија одговори: „Дојдоа од далечна земја, од Вавилон.”
4 Исаија праша понатаму: „Што видоа во твојот дворец?” Езекија одговори: „Видоа сè што е во мојот дворец; нема ништо во моите сокровишта што не им покажав.