2 Езекија се израдува на тоа и им ја покажа на пратениците својата ризница, среброто, златото, пријатните мириси и мирисливите масла - својата оружница и сè што беше во складиштата. Немаше ништо во неговиот дворец и во целото негово господарство што Езекија не им го покажа.
3 Тогаш пророкот Исаија дојде при царот Езекија и го праша: „Што рекоа тие луѓе и од каде дојдоа кај тебе? „Езекија одговори: „Дојдоа од далечна земја, од Вавилон.”
4 Исаија праша понатаму: „Што видоа во твојот дворец?” Езекија одговори: „Видоа сè што е во мојот дворец; нема ништо во моите сокровишта што не им покажав.
5 Тогаш Исаија му рече на Езекија: „Чуј го словото на Господа над Воинствата:
6 ‘Еве доаѓаат денови кога сè што е во твојот дворец сè што твоите татковци насобраа до денес, ќе биде однесено во Вавилон. Ништо не ќе остане’, вели Господ.
7 ‘А од синовите што ќе произлезат од тебе, кои ќе ти се родат, некои ќе земат за да му бидат скопени дворјани на вавилонскиот цар.’”
8 Езекија му одговори на Исаија: „Добро е словото што Господ ти го објави.” А мислеше: „Барем ќе биде мир и безбедност за време на мојот живот.”