11 Како пастир го пасе Своето стадо, во рацете ги зема јагнињата, ги носи во Својата прегратка, и внимателно ги негува доилките.
12 Кој го измери морето со дланка и кој ги премери небесата со педа? Кој ја измерил со мерка земјата, и планините на мерилки, а бреговите на тежилка?
13 Кој го измерил Господовиот Дух, и кој Му бил советник за да Го поучи?
14 Со кој се посоветува Тој, кој Му дал разум Нему, кој Го научил на патиштата на правдата? Кој Го научи на знаење, кој Му покажа пат кон мудроста?
15 Ете, народите се како капка од ведро, вредат колку прав на мерилката. Островите, ете, треперат во воздухот како ситно делче!
16 Ливан е мал за огнена клада, а неговите ѕверови нема достатно за паленица.
17 Сите народи се како ништо пред Него, за Него се ништо и празнина.