15 Ете, народите се како капка од ведро, вредат колку прав на мерилката. Островите, ете, треперат во воздухот како ситно делче!
16 Ливан е мал за огнена клада, а неговите ѕверови нема достатно за паленица.
17 Сите народи се како ништо пред Него, за Него се ништо и празнина.
18 Со кого ќе Го уподобите Бога? И со каков лик ќе Го споредите?
19 Леачот лее кип, златарот го позлатува и одлева веришки од сребро.
20 Бедниот за принос бира дрво што не гние и бара вешт уметник за да му направи неподвижен кип.
21 Зар не знаете? Зар не сте чуле? Не ли ви е откриено од старини? Зар не сфативте кој ја основа земјата?