2 „Зборувајте му на срцето на Ерусалим, викајте му, за да му сврши ропството, за да му биде простена вината, зашто од Господовата рака прими двојно за сите свои гревови.”
3 Глас вика: „Пригответе Му на Господа пат низ пустината. Израмнете ја патеката на нашиот Бог во степата.
4 Нека се издигне секоја долина, нека се спушти секоја гора и бреже. Што е нерамно, нека се израмни, стрмнините нека станат рамни.
5 Тогаш ќе се открие Славата Господова, и секое тело ќе ја види, зашто Господовата уста зборуваше.”
6 Гласот наложува: „Викај!” Одговорив: „Што да викам?” - „Секое тело е како трева, неговата сета убавина е како полски цвет.
7 Тревата се суши, цветот свенува, кога Господовиот здив ќе помине преку нив. Навистина, народот е трева.
8 Тревата се суши, цветот овенува, но Словото на нашиот Бог останува довека.”