25 „Со кого ќе Ме изедначите Мене, кој Ми е рамен?” вели Светецот.
26 Подигнете ги очите и гледајте: кој го создаде тоа? Оној Кој по број ја изведува нивната војска, и Кој ги вика сите по име.
27 Зошто велиш, Јакове, и ти, Израеле, зборуваш: „Мојот пат е скриен за Бога, мојата правда Му избегнува на мојот Бог?”
28 Зар не знаеш? Зар не си чул? Господ е вечен Бог, Творец на земните краишта. Тој не се заморува, не постанува, и Неговиот ум е неизмерлив.
29 На заморениот му ја враќа силата, го зајакнува немоќниот.
30 Младите се заморуваат и се истоштуваат, изнемоштените момчиња се тетерават.
31 Но на оние кои се надеваат во Господа, силата се обновува, им растат крилја како на орлите, трчаат и не постануваат, одат и не се уморуваат.