Исаија 40:7-13 MKB

7 Тревата се суши, цветот свенува, кога Господовиот здив ќе помине преку нив. Навистина, народот е трева.

8 Тревата се суши, цветот овенува, но Словото на нашиот Бог останува довека.”

9 Искачи се на висока гора, гласнику на Добрата вест, Сионе! Поткрени го силно својот глас, гласнику на Добрата вест, Ерусалиме! Издигни го, не бој се, речи им на јудејските градови: „Еве Го вашиот Бог!”

10 Ете, Господ Бог доаѓа со сила, владее со Својата мишка! Еве ја со Него и Неговата плата, а пред Него Неговата награда.

11 Како пастир го пасе Своето стадо, во рацете ги зема јагнињата, ги носи во Својата прегратка, и внимателно ги негува доилките.

12 Кој го измери морето со дланка и кој ги премери небесата со педа? Кој ја измерил со мерка земјата, и планините на мерилки, а бреговите на тежилка?

13 Кој го измерил Господовиот Дух, и кој Му бил советник за да Го поучи?