Исаија 41:1-7 MKB

1 Молкнете пред Мене острови, народите нека соберат нова сила. Нека се приближат и нека проговорат; да пристапиме заедно на суд.

2 „Кој го крена од исток оној кого Победата го следи во чекор? Кој му ги предава народите и му ги подвластува царевите? Прав се под неговиот меч, неговиот лак ги распрснува како плева.

3 Ги гони, напредува безбедно, неговите нозе не се допираат до патот.

4 Кој го направи и изврши тоа? Оној Кој од почетокот ги повикува поколенијата, Јас, Господ, Кој Сум прв, и ќе бидам Овој ист со последните!”

5 Островите гледаат и страв ги обзема, треперат земните краишта, тие наближуваат и веќе се тука.

6 Секој му помага на својот другар, и на својот брат му вели: „Храбро!”

7 Леарот го насрчува златарот, тој кој кове со чекан го бодри оној кој удира на наковалната. Тој зборува за спојувањето: „Добро е”, и со клинци го зацврстува кипот за да не се помрднува.