24 Но вие не сте ништо и вашите дела се ништожни, гнасен е кој ќе ве избере.
25 Го кренав од север за да дојде, го повикав по име од исток. Ги газеше кнезовите како кал, како што грнчарот гази по глината.
26 Кој го соопшти тоа од старини да би сме го знаеле, кој прорече од напред да би сме рекле: ‘вистина е?’ Но нема никој кој би го јавил, ниту некој што би го навестил, ниту некој за да ги чуе вашите зборови.
27 Јас прв му реков на Сион: „Ете, еве го”; прв му го испратив на Ерусалим гласникот на Радосната вест.
28 Гледав, ама немаше никој, ниеден од нив за да даде совет, за да ги прашам и да одговорат.
29 Еве, сите заедно се ништо, ништожни се нивните дела, ветер и празнина нивните идоли.