4 Кој го направи и изврши тоа? Оној Кој од почетокот ги повикува поколенијата, Јас, Господ, Кој Сум прв, и ќе бидам Овој ист со последните!”
5 Островите гледаат и страв ги обзема, треперат земните краишта, тие наближуваат и веќе се тука.
6 Секој му помага на својот другар, и на својот брат му вели: „Храбро!”
7 Леарот го насрчува златарот, тој кој кове со чекан го бодри оној кој удира на наковалната. Тој зборува за спојувањето: „Добро е”, и со клинци го зацврстува кипот за да не се помрднува.
8 „Ти, Израелу, слуго Мој, Јакове, кого го избрав, потомок на Авраама, Мојот љубимец!
9 Ти, кого го зедов од краиштата на земјата, и го повикав од нејзините рабови, ти кому реков: ‘Ти си Мој слуга, те избрав и не те отфрлив.’
10 Не бој се, зашто Јас Сум со тебе; не обрнувај се исплашено, зашто Јас Сум твој Бог. Јас те крепам и ти помагам, те потпирам со победничка десница.