Исаија 46:1-7 MKB

1 Вил падна! Нево се урна! Ги натоваруваат своите идоли на животните и на добитокот, ги носат како бреме, товар што заморува.

2 Паѓаат, се рушат сите заедно, не можат да ги спасат оние кои ги носат, туку и самите заминуваат во ропство.

3 „Слушај Ме, Јаковов доме, и сите што останавте од Израелевата куќа! Јас ве понесов туку што се родивте и ве носев од мајчиното крило.

4 Јас ќе останам ист до вашата старост, ќе ве потпирам до вашето побелување. Тоа го правев; ќе ве носам и натаму, ќе ви помагам, ќе ве избавувам.

5 Со кого би сте Ме споредиле и изедначиле, со кого би сте Ме споредиле, кому Сум му сличен?

6 Вадат злато од ќесето, и со мерилка мерат сребро, па немаат златар да направи бог од него, па пред него паѓаат ничкум и му се клањаат.

7 Го креваат на рамо и го носат, тогаш го ставаат на неговото место; тој стои и не се помрднува од него. Го повикуваат, тој не одговара, и никого не го спасува од неговата неволја.